39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на Клиниката за гинекологија, се бори за живот

39-годишна жена се бори за живот откако се фрлила од првиот спрат на Клиниката за гинекологија во Скопје. Таа штотуку родила здраво машко дете кое било зачнато по пат на ин витро оплодување. Во болницата била донесена во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување... Текстот 39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на Клиниката за гинекологија, се бори за живот е превземен од А1он.

39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на Клиниката за гинекологија, се бори за живот

39-годишна жена се бори за живот откако се фрлила од првиот спрат на Клиниката за гинекологија во Скопје. Таа штотуку родила здраво машко дете кое било зачнато по пат на ин витро оплодување.

Во болницата била донесена во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги загрозувало и мајката и детето и затоа била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба.

Жената била пренесена на КАРИЛ каде што и била извршена опрација, но е во критична состојба.

– Пациентка на 39-годишна возраст од Скопје примена е на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на ден 28.06. во 21.16 часот заради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела). Пациентката веднаш е прегледана од дежурен специјалист во амбулантата за итни случаи и е утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, состојба којашто витално го загрозува плодот и сериозно го загрозува здравјето на мајката. Пациентката веднаш е примена во родилна сала и по кусата предоперативна подготовка и за 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21.30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција. Пациентката е уредно следена на одделот за породени жени – Пуерпериум, согласно медицинските стандарди и протоколи. Во петокот, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог. Во понатамошниот постпородилен период пациентката е следена согласно дадените препораки. Следниот ден, пациентката е без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус. Вчера, пак, на утринска визита пациентката се пожалила на слична симптоматологија како и во петокот, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар. Во понатамошниот тек од вчерашното дежурство продолжени се дневните активности и работни обврски на дежурната екипа, без дополнителни влошување на состојбата на родилката. Ноќта околу 21.30 часот пациентката од болничката соба се упатила кон ходникот на одделот за Пуерпериум и преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат. Пациентката итно е пренесена на КАРИЛ во придружба на дежурната екипа, а немилиот настан е веднаш пријавен во надлежните институции кои излегоа веднаш на терен за разјаснување на случајот. ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје жали за немилиот настан и се надева на брзо закрепнување на пациентката“, соопшти ГАК.

Текстот 39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на Клиниката за гинекологија, се бори за живот е превземен од А1он.