Русите: Тврдењето на Украина за нуклеарно оружје е глупост

Од Русија пристигна уште едно тврдење кое е спротивно на она што го тврдат Украинците за нуклеарната централа Запорожје. Ренат Карча, нуклеарниот советник на Кремљ, ги отфрли тврдењата на украинските разузнавачи дека Русија поставила „нешто што личи на експлозив“ на покривите на две реакторски единици во нуклеарната постројка. „Зошто ни... Текстот Русите: Тврдењето на Украина за нуклеарно оружје е глупост е превземен од А1он.

Русите: Тврдењето на Украина за нуклеарно оружје е глупост

Од Русија пристигна уште едно тврдење кое е спротивно на она што го тврдат Украинците за нуклеарната централа Запорожје.

Ренат Карча, нуклеарниот советник на Кремљ, ги отфрли тврдењата на украинските разузнавачи дека Русија поставила „нешто што личи на експлозив“ на покривите на две реакторски единици во нуклеарната постројка.

„Зошто ни требаат експлозиви таму? Ова е глупост за да се одржи тензијата“, ја цитира Интерфакс изјавата на Карча.

„Приоритет е нуклеарната безбедност. Со минирање на покривите на енергетските блокови, напротив, тоа е загрозено. Некој мора да го задржи здравиот разум во овој хаос“, додаде тој.

Карчаа претходно изјави за руската државна телевизија дека Украина е подготвена да ја нападне електраната вечерва, под закрила на темнината и со „прецизна опрема“.

Текстот Русите: Тврдењето на Украина за нуклеарно оружје е глупост е превземен од А1он.