Гори Слупчане: Жителите палат гуми за да го блокираат влезот на екипите на ЕВН

Со палење на гуми на патот, жтелите на село Слупчане го блокираат влезот на екипите на ЕВН, кои неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во општината. Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, денес... Текстот Гори Слупчане: Жителите палат гуми за да го блокираат влезот на екипите на ЕВН е превземен од А1он.

Гори Слупчане: Жителите палат гуми за да го блокираат влезот на екипите на ЕВН

Со палење на гуми на патот, жтелите на село Слупчане го блокираат влезот на екипите на ЕВН, кои неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во општината.

Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, денес селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија. И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80%, исто како што беше случајот во скопското Арачиново, а наплатата е само 20%.

Од ЕВН потврдија за прекинот во снабдувањето поради неконтролирано и неовластено користење на електрична енергија. Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот задистрибуција.

“Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти.

Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Се додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот.” наведуваат од Електродистрибуција.

Текстот Гори Слупчане: Жителите палат гуми за да го блокираат влезот на екипите на ЕВН е превземен од А1он.