(ВИДЕО) Незапамтено невреме ја погоди западна Србија: Ужице под вода, Прибој парализиран

Невидено невреме во попладневните часови ја погоди западна Србија. Големи количества врнежи ги поплавија улиците во Ужице и Прибој, а водата целосно полави локален пат кај Крагуевац. Две улици во централниот дел на Ужице се под вода, поради што се поплавени станбени и деловни простории во повеќе згради. View this... Текстот (ВИДЕО) Незапамтено невреме ја погоди западна Србија: Ужице под вода, Прибој парализиран е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Незапамтено невреме ја погоди западна Србија: Ужице под вода, Прибој парализиран

Невидено невреме во попладневните часови ја погоди западна Србија. Големи количества врнежи ги поплавија улиците во Ужице и Прибој, а водата целосно полави локален пат кај Крагуевац.

Две улици во централниот дел на Ужице се под вода, поради што се поплавени станбени и деловни простории во повеќе згради.

Невидени проблеми предизвика Коштичкиот поток кој се излеа по силниот дожд кој паѓаше повеќе од два часа.

Како што претпоставуваат жителите на овој дел на Ужице, делот од потокот кој е преграден е блокиран и прелеан со вода што потокот не можел да ја прими. Во поплавените објекти е причинета и значителна материјална штета.

Поради обилните врнежи од коритото се излеа Волујачки поток, притока на Џетиња, која за кратко време стана вистинска незауздана река. Водата се излеа по имоти, патишта, а според сведоштвата на дел од жителите влегла и во нивните дворови и згради.

„За помалку од половина час се беше под вода. Обилните дождови и слабите сливници доведоа до поплавување на сите раскрсници во градот. На главниот паркинг помеѓу три солитери се формираше големо езеро и сите паркирани возила се најдоа во вода. Луѓето не можат да дојдат до нив“, вели за РИНУ Драган Матовиќ од Прибој.

Текстот (ВИДЕО) Незапамтено невреме ја погоди западна Србија: Ужице под вода, Прибој парализиран е превземен од А1он.