(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Акаба, јорданското пристаниште на Црвеното Море, е дом на тенкови, артилерија, воени хеликоптери и авиони, но на дното на морето. Ова е единствен воен музеј во светот, а го изградил кралот на Јордан, Абдула Втори. Луѓето кои се занимаваат со нуркање, без разлика дали се аматерски или професионални, истакнуваат дека... Текстот (ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Акаба, јорданското пристаниште на Црвеното Море, е дом на тенкови, артилерија, воени хеликоптери и авиони, но на дното на морето. Ова е единствен воен музеј во светот, а го изградил кралот на Јордан, Абдула Втори.

Луѓето кои се занимаваат со нуркање, без разлика дали се аматерски или професионални, истакнуваат дека истражувањето на Црвеното Море е посебна авантура и искуство кое ќе се памети цел живот. Во 2019 година, првиот подводен воен музеј во светот беше отворен во пристаништето Акаба во Јордан. Црвеното Море стана дом на тенкови, воени хеликоптери, артилерија, воени авиони и оклопни возила, пишува „Дајв магазин“.

Туризмот во Акаба почна да се развива во 1965 година, кога тогашниот крал на Јордан, Хусеин склучи договор со Саудиска Арабија со кој ќе предаде 6.000 квадратни метри пустина на 12 километри од брегот на Црвеното Море. Јордан потоа доби крајбрежје долг 27 километри на Црвеното Море. Во тоа море има уникатен корален гребен во светот поради повеќе од 150 различни видови корали.

„Воениот музеј е прв од ваков вид во регионот, а мислам и во светот. Ова е важно бидејќи нуркањето е важна туристичка атракција во Акаба, многу туристи од различни делови на светот доаѓаат тука за да вежбаат спортско нуркање“, рече Наџе Бахит, поранешен министер за туризам и антиквитети и актуелен директор на АСЕЗА (Управа за специјална економска зона Акаба).

Во соопштението за медиумите, АСЕЗА ги објасни сите детали за воениот музеј во Црвеното Море. Посебно внимание посветува на подводната средина каде се сместени воените возила. Сите опасни компоненти од возилото се отстранети со цел да се зачува еколошкиот свет.

Текстот (ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали е превземен од А1он.