Притворен е познат боксер: Му се закануваат над 10 години затвор

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на познатиот боксер Петар Мауковиќ, кој е осомничен дека на 1 јули се обиде да убие млад човек пред влезот на сплав на кејот на Сава, а на друг му нанесе полесни повреди. -Судијата за претходна постапка на Вишиот суд... Текстот Притворен е познат боксер: Му се закануваат над 10 години затвор е превземен од А1он.

Притворен е познат боксер: Му се закануваат над 10 години затвор

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на познатиот боксер Петар Мауковиќ, кој е осомничен дека на 1 јули се обиде да убие млад човек пред влезот на сплав на кејот на Сава, а на друг му нанесе полесни повреди.

-Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое на обвинетиот П.М., кој според тоа решение може да трае најмногу 30 дена. На обвинетиот му е одредена мерка притвор од правни причини, односно затоа што постојат посебни околности кои укажуваат дека тој ќе се меша во постапката со влијание врз сведоци, поради постоење посебни околности кои укажуваат дека ќе го повтори кривичното дело во краток рок од време, како и со оглед на тоа што обвинетиот е основано сомнителен дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело предизвика метеж во јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка – соопштуваат од Вишиот суд во Белград.

За сторено кривично дело тешко убиство во обид и кривично дело полесна телесна повреда се товари обвинетиот Петар Мауковиќ.

Текстот Притворен е познат боксер: Му се закануваат над 10 години затвор е превземен од А1он.