Две лица избодени и ранети на летот на British Airways

Две лица се повредени во нападот на авионот на Бритиш ервејс, кој летал од Британија кон Карибите. Според првите информации, патник скршил стаклено шише и и со него повредил двајца патници. Пилотите немале друга опција освен да го продолжат летот до островот, додека вистинската драма се одвивала во кабината. На... Текстот Две лица избодени и ранети на летот на British Airways е превземен од А1он.

Две лица избодени и ранети на летот на British Airways

Две лица се повредени во нападот на авионот на Бритиш ервејс, кој летал од Британија кон Карибите.

Според првите информации, патник скршил стаклено шише и и со него повредил двајца патници.

Пилотите немале друга опција освен да го продолжат летот до островот, додека вистинската драма се одвивала во кабината.

На нападот му претходела кавга меѓу двајца патници, а потоа едниот станал од своето место и набрзина отишол до стјуардесите во „кујната“ на Боингот 777.

Таму пронашол стаклено шише, кое го скршил, а потоа истрчал меѓу седиштата и го втурнал острото стакло во својот „непријател“, а потоа повредил уште еден сопатник.

Другите патници успеале да го одвојат излудениот напаѓач од повредените, додека крв бликала насекаде.

“Двајцата пиеле на летот и се шегувале пред сето ова да се случи. Еден патник се здобил со убодни рани во пределот на торзото, другиот во пределот на главата. Тој наводно скршил шише вино кое се продава во авионот”, рекол патникот Никола П.

“Имаше крв низ целата кабина. Никој не знаеше до каде може да оди ова. За среќа, не беше полошо”, рекол еден патник.

По слетувањето напаѓачот бил приведен, а повредените итно пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а Бритиш ервејс се уште не се огласил по ова прашање.

Текстот Две лица избодени и ранети на летот на British Airways е превземен од А1он.