Во сообраќајка загина сопственикот на познатиот англиски клуб Милвол

Американскиот милионер Џон Берилсон, сопственик на познатиот англиски клуб Милвол, загина во несреќа. Засега не се познати премногу детали, а според неофицијалните информации кои доаѓаат од Велика Британија, Берилсон загина во сообраќајна несреќа, чии околности се уште не се јавни. „Со големо неверување и тага ја информираме јавноста дека почина... Текстот Во сообраќајка загина сопственикот на познатиот англиски клуб Милвол е превземен од А1он.

Во сообраќајка загина сопственикот на познатиот англиски клуб Милвол

Американскиот милионер Џон Берилсон, сопственик на познатиот англиски клуб Милвол, загина во несреќа. Засега не се познати премногу детали, а според неофицијалните информации кои доаѓаат од Велика Британија, Берилсон загина во сообраќајна несреќа, чии околности се уште не се јавни.

„Со големо неверување и тага ја информираме јавноста дека почина Џон Берилсон, сопственикот на клубот. Сите во клубот се со неговата сопруга Ејми и неговите три деца, како и со остатокот од неговото семејство. Ненадејната смрт на Џон ќе има влијание врз сите оние кои имаа среќа да го запознаат. Тој беше одличен човек, неверојатно посветен на своето семејство и личност со голема дарежливост, топлина и добрина. Имаше исполнет живот, полн со бои и радост“, се вели во соопштението на Милвол.

Џон Грегори Берилсон имаше 60 години и е сопственик на Милвол од 2007 година. Се претпоставува дека во клубот вложил повеќе од 150 милиони евра, но не успеал да ги врати во Премиер лигата. Претходната сезона ја завршија на осмото место во Чемпионшип, а фановите на социјалните мрежи се збогуваат со него.

Текстот Во сообраќајка загина сопственикот на познатиот англиски клуб Милвол е превземен од А1он.