Белорусија воведува кастрација на педофили

Белорусија има намера да воведе хемиска кастрација како дел од програмата за лекување на педофили, соопшти Канцеларијата на Врховниот обвинител. Целта е да се заштитат децата, потенцијалните жртви, од злоупотреба и експлоатација. Веќе се подготвени измени на постоечкиот Кривичен закон, а од полицијата велат дека хемиската кастрација на осудените за... Текстот Белорусија воведува кастрација на педофили е превземен од А1он.

Белорусија воведува кастрација на педофили

Белорусија има намера да воведе хемиска кастрација како дел од програмата за лекување на педофили, соопшти Канцеларијата на Врховниот обвинител. Целта е да се заштитат децата, потенцијалните жртви, од злоупотреба и експлоатација.

Веќе се подготвени измени на постоечкиот Кривичен закон, а од полицијата велат дека хемиската кастрација на осудените за педофилија ќе биде задолжителна како дел од нивната судска пресуда.

Како дел од акцискиот план, Министерството за здравство изработи и одобри „клинички протокол кој содржи алгоритам за третман на педофилија“, а изготвен е и механизам за рехабилитација на жртвите на сексуална злоупотреба.

Владата објави и дека претседателот Александар Лукашенко силно го поддржува заострувањето на законските одредби, како и дека претходно осудените педофили мора да носат електронски нараквици.

Хемиската кастрација е дозволена во одредени американски држави, Канада, Данска, Германија, Норвешка, Шведска…

Текстот Белорусија воведува кастрација на педофили е превземен од А1он.