Борел: Членките на Европската унија губат трпение поради ситуацијата на Косово

Високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека земјите-членки на Европската унија го губат трпението со ситуацијата во Косово, порачувајќи дека се потребни брзи акции за намалување на тензиите, пренесува Газета експрес. Борел ова го изјави по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Брисел, кому му се заблагодари за... Текстот Борел: Членките на Европската унија губат трпение поради ситуацијата на Косово е превземен од А1он.

Борел: Членките на Европската унија губат трпение поради ситуацијата на Косово

Високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека земјите-членки на Европската унија го губат трпението со ситуацијата во Косово, порачувајќи дека се потребни брзи акции за намалување на тензиите, пренесува Газета експрес.
Борел ова го изјави по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Брисел, кому му се заблагодари за неговите „напори и поддршка за изнаоѓање решение“ за ситуацијата во Косово.

„Јасно кажав, а тоа е и ставот на земјите-членки – дека страните мора да ја деескалираат ситуацијата и да најдат решение врз основа на европската мапа на патиштата што им беше предложена на состаноците минатата недела“, рече Борел на заедничката прес-конференција со Рама.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека земјите-членки го губат трпението со ситуацијата во Косово.

„Земјите членки се согласуваат дека е важно итно да се реши ситуацијата и тие го губат трпението со оваа моментална ситуација, потребни се итни активности“, посочи тој.

Текстот Борел: Членките на Европската унија губат трпение поради ситуацијата на Косово е превземен од А1он.