Брачен пар од Америка е пронајден мртов во луксузна хотелска соба во Мексико

Брачен пар од Америка е пронајден мртов во нивната луксузна хотелска соба на мексиканскиот полуостров Долна Калифорнија. Државниот обвинител на Јужна Долна Калифорнија ги идентификуваше жртвите како Џон Хитко (41) и Аби Луц (22). Локалните власти првично рекоа дека трагедијата била предизвикана од вдишување гас, но од канцеларијата на државниот... Текстот Брачен пар од Америка е пронајден мртов во луксузна хотелска соба во Мексико е превземен од А1он.

Брачен пар од Америка е пронајден мртов во луксузна хотелска соба во Мексико

Брачен пар од Америка е пронајден мртов во нивната луксузна хотелска соба на мексиканскиот полуостров Долна Калифорнија.

Државниот обвинител на Јужна Долна Калифорнија ги идентификуваше жртвите како Џон Хитко (41) и Аби Луц (22).

Локалните власти првично рекоа дека трагедијата била предизвикана од вдишување гас, но од канцеларијата на државниот обвинител за ABC News изјавиле дека причината за смртта на двојката била „консумација на супстанца“ што треба да се утврди.

На нивните тела немало траги на насилство.

Телата биле откриени во вторникот околу 21 часот во хотел во кој една соба чини повеќе од 500 долари од ноќ. Службите за итни случаи добиле повик дека Американците се во бесознание, но била констатирана смрт веднаш откако екипата пристигнала во собата.

Во октомври минатата година, тројца Американци починаа во изнајмен стан во Мексико од вдишување гас. И во 2018 година, истекување на гас во бојлер уби американски пар и нивните две деца во одморалиште во Тулум во Мексико.

Текстот Брачен пар од Америка е пронајден мртов во луксузна хотелска соба во Мексико е превземен од А1он.