Британско разузнавање: Украина ја проби првата линија на руската одбрана

Украина успешно ја проби првата линија на руската одбрана во делови од земјата во изминатите 48 часа, соопшти британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на своите разузнавачки служби. Во својот дневен брифинг за разузнавање, Министерството за одбрана рече дека имало „значајни операции во неколку сектори источно и јужно од Украина“.... Текстот Британско разузнавање: Украина ја проби првата линија на руската одбрана е превземен од А1он.

Британско разузнавање: Украина ја проби првата линија на руската одбрана

Украина успешно ја проби првата линија на руската одбрана во делови од земјата во изминатите 48 часа, соопшти британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на своите разузнавачки служби.

Во својот дневен брифинг за разузнавање, Министерството за одбрана рече дека имало „значајни операции во неколку сектори источно и јужно од Украина“.

Се наведува дека војниците постигнале „добар напредок во некои области, каде што ја пробиле првата линија на руската одбрана“.

„Во други, украинскиот напредок беше побавен“, се додава. Руската одбрана со некои единици „спроведува маневарски одбранбени операции, додека други се повлекуваат во одреден неред“, велат Британците.

Извештаите за руски загуби се зголемуваат бидејќи нивната армија е принудена да се повлече низ сопствените мински полиња, соопшти Министерството.

Текстот Британско разузнавање: Украина ја проби првата линија на руската одбрана е превземен од А1он.