Чарлс III допатува во приватната повеќедневна посета на Романија

Британскиот крал Чарлс III денеска ја започна приватната повеќедневна посета на Романија, што е негова прва посета во странство откако беше крунисан во мај. Во претседателската палата во Букурешт со воени почести беше пречекан од романскиот претседател Клаус Јоханис, кој беше меѓу гостите на средбата во Лондон. Околу 300 луѓе... Текстот Чарлс III допатува во приватната повеќедневна посета на Романија е превземен од А1он.

Чарлс III допатува во приватната повеќедневна посета на Романија

Британскиот крал Чарлс III денеска ја започна приватната повеќедневна посета на Романија, што е негова прва посета во странство откако беше крунисан во мај.

Во претседателската палата во Букурешт со воени почести беше пречекан од романскиот претседател Клаус Јоханис, кој беше меѓу гостите на средбата во Лондон.

Околу 300 луѓе учествуваа на церемонијата што кралот ја организираше по повод 25-годишнината од неговата прва посета на Романија.

„Секогаш се чувствував како дома во Романија“, рече кралот, по што цитираше локален поет на романски јазик и ја пофали исклучителната биолошка разновидност на земјата.

Кралот Чарлс не дошол на гости со сопругата Камила и не се знае колку долго ќе остане.

Тој ќе се сретне со романски официјални претставници и претставници на граѓанското општество. Тој ќе ја посети и Трансилванија, оддалечен регион во центарот на земјата, која често ја посетувал како принц. Тој ќе помине неколку дена во селата Валеа Заланулуи и Вискри каде купи неколку имоти реновирани со традиционални материјали.

Текстот Чарлс III допатува во приватната повеќедневна посета на Романија е превземен од А1он.