Делницата од Подмоље до Охрид вратена за сообраќај

Од денеска согласно времениот режим, делницата Подмоље – Охрид е вратена за сообраќај. Делницата Подмоље – Охрид како дел од автопатската делница Кичево – Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на... Текстот Делницата од Подмоље до Охрид вратена за сообраќај е превземен од А1он.

Делницата од Подмоље до Охрид вратена за сообраќај

Од денеска согласно времениот режим, делницата Подмоље – Охрид е вратена за сообраќај.

Делницата Подмоље – Охрид како дел од автопатската делница Кичево – Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата и истата требаше да се биде пуштена до 10 јули, а сообраќајот беше пренасочен преку регионалниот пат Охрид -Подмоље.

“ Пред извесно време бевме тука заедно со директорот и ветивме дека ќе ги завршиме градежните работи на овој дел од влезот во Охрид. Денеска сме тука и пред рокот што го најавивме за да се уверуме дека активностите се завршени. Од денеска повторно ќе ја вратиме во режим на времен сообраќај делницата од Подмоље до Охрид и ќе овозможиме сообраќајот да се одвива по главната траса.Ветивме дека се што правиме е во насока на создавање наподобри услови за туристичката сезона, така ќе продолжиме и во наредниот период. ”, истакна министерот Бочварски при увидот на делницата.

Текстот Делницата од Подмоље до Охрид вратена за сообраќај е превземен од А1он.