Детали за двојното убиство во Љубљана: Душан ги застрела Рајко и Роберт по расправија за пари

Полицијата во Словенија се уште ги истражува мотивите за двојното убиство и самоубиството што се случи вчера во попладневните часови во Љубљана. Истражителите се сомневаат дека Душан В.(47) околу 15 часот пукал во Рајко Ч. и Роберт В., а потоа си го одзел животот. Се шпекулира дека мотив за нападот... Текстот Детали за двојното убиство во Љубљана: Душан ги застрела Рајко и Роберт по расправија за пари е превземен од А1он.

Детали за двојното убиство во Љубљана: Душан ги застрела Рајко и Роберт по расправија за пари

Полицијата во Словенија се уште ги истражува мотивите за двојното убиство и самоубиството што се случи вчера во попладневните часови во Љубљана.

Истражителите се сомневаат дека Душан В.(47) околу 15 часот пукал во Рајко Ч. и Роберт В., а потоа си го одзел животот. Се шпекулира дека мотив за нападот се нерасчистени „сметки“.

Локалните медиуми јавуваат дека Рајко и Роберт биле партнери и дека воделе заложна куќа.

Според неофицијални информации, Душан еднаш заложил предмет, кој сега сакал да го откупи, но Роберт наводно значително ја покачил цената, поради што се скарале.

Душан вчера околу 15 часот влегол во кафеаната каде што седеле оштетените и ги замолил да излезат надвор во градината, до делот каде што има детско игралиште. Откако излегле надвор, Душан, извадил пиштол, ги застрелал двајца мажи, а потоа побегнал.

Неговото тело е пронајдено речиси два часа подоцна, од другата страна на градот.

Како што пренесуваат медиумите, Душан В. е стар познаник на полицијата. Во минатото бил осуден за кражба, трговија со дрога, семејно насилство, занемарување на деца, како и за силување и трговија со оружје.

Полицијата официјално соопшти дека истрагата се уште е во тек и дека мотивот за убиството не е познат.

Текстот Детали за двојното убиство во Љубљана: Душан ги застрела Рајко и Роберт по расправија за пари е превземен од А1он.