Детали за несреќата кај Блаце: Автомобилите се судриле при претекнување по што косовското возило излетало во Лепенец

Нуркачи од единицата „тигар“ како и тим со дрон трагаат по тројцата патници од косовкиот автомобил кој попладневно излета во Лепенец по сообраќајна несреќа на патот Скооје-Блаце информираат од Центарот за управување со кризи. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на лице место на тешка сообраќајна несреќа... Текстот Детали за несреќата кај Блаце: Автомобилите се судриле при претекнување по што косовското возило излетало во Лепенец е превземен од А1он.

Детали за несреќата кај Блаце: Автомобилите се судриле при претекнување по што косовското возило излетало во Лепенец

Нуркачи од единицата „тигар“ како и тим со дрон трагаат по тројцата патници од косовкиот автомобил кој попладневно излета во Лепенец по сообраќајна несреќа на патот Скооје-Блаце информираат од Центарот за управување со кризи.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на лице место на тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Приштина и презема дејствија за утврдување на причините.

-Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил Фолксваген туран со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со БМВ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, соопшти Обвинителството.

Причините за сударот се уште се утврдуваат, а на лице место е присутен и сообраќаен вештак. Еден од патниците во косовското возило е извлечен и веднаш е префрлен во болница.

Текстот Детали за несреќата кај Блаце: Автомобилите се судриле при претекнување по што косовското возило излетало во Лепенец е превземен од А1он.