Експлозија одекна во Косовска Митровица

Утрово на плоштадот „Адем Јашари“ во јужниот дел на Косовска Митровица одекна експлозија во која нема повредени, соопшти полицијата. Портпаролот на полицијата Авни Захити изјави за новинарите дека се оштетени прозорците на две кафулиња. „Околу 3.20 часот било пријавено дека на плоштадот „Адем Јашари“ од експлозија биле оштетени стакла на... Текстот Експлозија одекна во Косовска Митровица е превземен од А1он.

Експлозија одекна во Косовска Митровица

Утрово на плоштадот „Адем Јашари“ во јужниот дел на Косовска Митровица одекна експлозија во која нема повредени, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата Авни Захити изјави за новинарите дека се оштетени прозорците на две кафулиња.

„Околу 3.20 часот било пријавено дека на плоштадот „Адем Јашари“ од експлозија биле оштетени стакла на две кафулиња и дуќани.

Освен материјална штета, нема извештаи за повредени, истрагата е во тек, рече Захити.

Текстот Експлозија одекна во Косовска Митровица е превземен од А1он.