Евтина тарифа ќе има меѓу 11 и 16 часот, од ЕВН ќе зависи дали ќе ја добијат сите корисници одеднаш

Дневната евтина тарифа на електричната енергија ќе се врати во периодот од 11 до 16 часот, односно на два часа дневно, но дали ќе добијат сите одеднаш ќе зависи од состојбата на броилата кои ќе ги проверува ЕВН. – После неколку години, редно е да се врати евтината дневна тарифа.... Текстот Евтина тарифа ќе има меѓу 11 и 16 часот, од ЕВН ќе зависи дали ќе ја добијат сите корисници одеднаш е превземен од А1он.

Евтина тарифа ќе има меѓу 11 и 16 часот, од ЕВН ќе зависи дали ќе ја добијат сите корисници одеднаш

Дневната евтина тарифа на електричната енергија ќе се врати во периодот од 11 до 16 часот, односно на два часа дневно, но дали ќе добијат сите одеднаш ќе зависи од состојбата на броилата кои ќе ги проверува ЕВН.

– После неколку години, редно е да се врати евтината дневна тарифа. Се прават последните пресметки и за период од десет до 15 дена ќе се знае во кој период таа ќе биде воведена. Засега е познато дека ќе биде два часа, а ќе се воведе во периодот од 11 и 16 часот кога според нашите анализи, цената на струјата на берзите е најниска. Дали ќе ја добијат сите одеднаш, ќе зависи од ЕВН која ќе ги проверува и прилагодува броилата. Ќе бараме поинтензивно да се менуваат броилата кои не може да се отчитуваат од далечина, затоа што смарт броила има многу многу – изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Во однос на цената на струјата, Бислимоски рече дека се прават последните анализи и дека некои оператори доставиле предлози за цени.

– Електродистрибуција побара зголемување од 32%, а ЕВН не достави предлог цена затоа што следниот месец ќе ги прави набавките на електрична енергија. Во однос на враќањето на ДДВ на 18%, ние како Регулаторна одлуките ги носиме без ДДВ и нашата одлука нема да влијае – додаде Бислимоски.

Текстот Евтина тарифа ќе има меѓу 11 и 16 часот, од ЕВН ќе зависи дали ќе ја добијат сите корисници одеднаш е превземен од А1он.