Фатен бегалец од „Идризово“, избегал уште во 2015

34-годишен осуденик од затворот „Идризово“ кој побегнал во 2015 година е фатен вчеравечер во скопската населба Аеродром. Отслужувал затворска казна од пет години. спроведен е на доиздржување на казната. – На 07.06.2023 околу 22.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги... Текстот Фатен бегалец од „Идризово“, избегал уште во 2015 е превземен од А1он.

Фатен бегалец од „Идризово“, избегал уште во 2015

34-годишен осуденик од затворот „Идризово“ кој побегнал во 2015 година е фатен вчеравечер во скопската населба Аеродром. Отслужувал затворска казна од пет години. спроведен е на доиздржување на казната.

– На 07.06.2023 околу 22.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од с.Мојанци, скопско. Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година, информира МВР.

Текстот Фатен бегалец од „Идризово“, избегал уште во 2015 е превземен од А1он.