Косовоско БМВ излета во Лепенец по сообраќајка на патот Скопје-Блаце: еден спасен, по тројца се трага

По три лица се трага откако возило со косовски регистарски таблички излетало во реката Лепенец по сообраќајната несреќа во која учествувал и скопски автомобил на патот Скопје-Блаце. Едне од патниците од автомобилот кој завршил во реката е извлечен и пренесен во болницата „8 Септември“. – Денеска (17.06.2023) околу 15 часот... Текстот Косовоско БМВ излета во Лепенец по сообраќајка на патот Скопје-Блаце: еден спасен, по тројца се трага е превземен од А1он.

Косовоско БМВ излета во Лепенец по сообраќајка на патот Скопје-Блаце: еден спасен, по тројца се трага

По три лица се трага откако возило со косовски регистарски таблички излетало во реката Лепенец по сообраќајната несреќа во која учествувал и скопски автомобил на патот Скопје-Блаце. Едне од патниците од автомобилот кој завршил во реката е извлечен и пренесен во болницата „8 Септември“.

– Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, се вели во првичната информација од Министерството за внатрешни работи.

Текстот Косовоско БМВ излета во Лепенец по сообраќајка на патот Скопје-Блаце: еден спасен, по тројца се трага е превземен од А1он.