Ковачевски му понудил пет министерски места на Мицкоски оти не му важен резултатот од следните избори

За да покаже дека води влада без да добива политички поени и дека не се грижи за резултатот од следните избори, премиерот Ковачевски му предложил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заеднички да го отворат Уставот и следниот ден да му отстапи пет министерски места во владата се до редовните... Текстот Ковачевски му понудил пет министерски места на Мицкоски оти не му важен резултатот од следните избори е превземен од А1он.

Ковачевски му понудил пет министерски места на Мицкоски оти не му важен резултатот од следните избори

За да покаже дека води влада без да добива политички поени и дека не се грижи за резултатот од следните избори, премиерот Ковачевски му предложил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заеднички да го отворат Уставот и следниот ден да му отстапи пет министерски места во владата се до редовните избори во 2024 година.

– Предложив да ги изгласаме, отворањето на уставот и уставните амандмани и веднаш по последното гласање да одиме на избори.
Но , во текот на изминатиот период сфатив дека за господинот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е важно да бидат дел од власта.
За да покажеме дека не сме ориентирани за политички поени само за себе и дека не ни е фокус само резултатот на следните избори, предложив заеднички да го изгласаме отворањето на Уставот и веднаш утредента ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за нивни министри.

На тој начин ќе направиме влада која ги обединува сите и таа влада ќе го спроведе процесот на уставни измени, ќе го заврши скрининг-процесот које во тек и таа влада ќе ги отвори поглавјата и дури може и да затвори едно или две од поглавјата кои се дел од првиот кластер “основи“ и потоа ќе се организираат редовни избори.

На тоа додадов уште еден чекор, уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни и преодни одредби да имаат одредба со која што ќе важат од моментот на втората меѓувладина конференција. Се друго е надвор од преговарачката рамка и таа е донесена од 27 членки на ЕУ и сметаме дека е компромис кој овозможува непречено одвивање на евроинтеграциите и заштита на македонскиот јазик во рамките на ЕУ – истакна Ковачевски.

Текстот Ковачевски му понудил пет министерски места на Мицкоски оти не му важен резултатот од следните избори е превземен од А1он.