Крај на драмата во Сисак: Уапсен е убиецот

Мажот осомничен дека убил една жена и тешко ранил четири лица во ромската населба Чапраше Пољане, синоќа е уапсен по неколкучасовно бегство. Во нападот загина 45-годишна жена, а четири лица со тешки повреди се примени во Општата болница во Сисак, јавија хрватските медиуми. При интервенцијата на овој настан со полесни... Текстот Крај на драмата во Сисак: Уапсен е убиецот е превземен од А1он.

Крај на драмата во Сисак: Уапсен е убиецот

Мажот осомничен дека убил една жена и тешко ранил четири лица во ромската населба Чапраше Пољане, синоќа е уапсен по неколкучасовно бегство.

Во нападот загина 45-годишна жена, а четири лица со тешки повреди се примени во Општата болница во Сисак, јавија хрватските медиуми.

При интервенцијата на овој настан со полесни повреди се здобил пожарникар, а лекарска помош им била укажана на возрасен и на едно дете кои биле полесно повредени при бегство.

Полицијата соопшти дека во овој тежок инцидент целосно изгореле две семејни куќи и еден автомобил, додека делумно изгореле една куќа и еден автомобил. Еден од очевидците, чија изјава ја пренесува порталот „Индекс“, наведува дека го познава напаѓачот, дека со него соработувал долги години и дека е „малку чуден и психички нестабилен“.

Соседите на напаѓачот велат дека тој е маж на околу 60 години, и дека имал психички проблеми. Последниве месеци зборуваше дека го трујат, вели еден од жителите на населбата.

Полицијата го уапсила напаѓачот околу еден часот по полноќ, по претрес во кој биле користени беспилотни летала и термо камери, додека специјалците со батериски ламби го пребарувале местото на настанот. Како што дознава Јутарњи, осомничениот наводно дошол во куќата на соседот, отворил оган врз нив, а потоа запалил две соседни куќи. Хрватските медиуми пренесуваат и изјави на жителите на населбата кои тврдат дека напаѓачот бил во војната и дека наводно боледувал од посттрауматски стрес и живеел сам.

Текстот Крај на драмата во Сисак: Уапсен е убиецот е превземен од А1он.