Лога е упорен: Објави изводи на кои стои „македонска националност“ и толковни речници на македонскиот јазик

Министерот за правда, Кренар Лога откако го објави изводот на кој му стои етничката припадност Албанец, денеска во обид да докаже дека Упатството кое го донесе е во согласност со законите објави изводи на кои стои „македонец“ и „македонка“ во графата националност. Тој објави извод на лице родено во 1982... Текстот Лога е упорен: Објави изводи на кои стои „македонска националност“ и толковни речници на македонскиот јазик е превземен од А1он.

Лога е упорен: Објави изводи на кои стои „македонска националност“ и толковни речници на македонскиот јазик

Министерот за правда, Кренар Лога откако го објави изводот на кој му стои етничката припадност Албанец, денеска во обид да докаже дека Упатството кое го донесе е во согласност со законите објави изводи на кои стои „македонец“ и „македонка“ во графата националност. Тој објави извод на лице родено во 1982 година во кој кај родителите кај националност стои Македонец и Македонка.

– Нови изводи на родени со графа националност . Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, пишува Лога во објавата.

– Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, објаснува министерот за правда кој потоа и споделува Толковни речници на макеоднскиот јазик во потцртани зборови националност

На Упатството, експресно реагираше Уставен суд кој го стави на разгледување, а претседателката Кацарска рече оти смета дека е неуставно.

Денеска и поранешната министерка за правда, Рената Дескоска се изјасни дека графата за националност во изводот не е законска, и дека очекува Уставен суд да го укине Упатството за матични книги.

Текстот Лога е упорен: Објави изводи на кои стои „македонска националност“ и толковни речници на македонскиот јазик е превземен од А1он.