„Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово

Со свечено отворање на самостојната изложба на сликарката Теута Хоџа Имери вчера во Тетово започнаа активностите во рамки на „Меѓународна уметничка колонија 2023“ која ја организира НУ Уметничка галерија Тетово. Ова е 14-то издание на колонијата која од денеска продолжува да се одвива на Попова Шапка. -Оваа година на Меѓународната... Текстот „Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово е превземен од А1он.

„Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово

Со свечено отворање на самостојната изложба на сликарката Теута Хоџа Имери вчера во Тетово започнаа активностите во рамки на „Меѓународна уметничка колонија 2023“ која ја организира НУ Уметничка галерија Тетово. Ова е 14-то издание на колонијата која од денеска продолжува да се одвива на Попова Шапка.

-Оваа година на Меѓународната уметничка колонија учествуваат 21 уметник од различни земји како: Северна Македонија, Косово и Албанија. Целта на колонијата е секоја година да собира еминентни уметници од регионот и од други земји, при што уметниците како и досега се инспирираат од убавините на Шар Планина и нејзините ресурси, па затоа таму ќе ги создаваат уметничките дела, информираше Илир Куртиши, директор на Уметничка галерија Тетово.

Уметниците на Попова Шапка ќе создаваат до 4 јули при што имаат обврска да насликаат две дела со различни мотиви и сликарски техники. Создадените дела ќе бидат изложени во просторите на Уметничката галерија Тетово како завршен дел од активностите по повод меѓународната манифестација.

Текстот „Меѓународна уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија Тетово е превземен од А1он.