Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Од првиот ден се зафативме со тој проблем. Сите подготовки веќе се при крај и за тоа во наредните недели ќе излеземе со комплетен предлог, конкретен центар кај ќе се лекуваат, најсовремен досега и тој проблем веќе мислам дека пополека ќе го решиме. Вака денеска одговори министерот за здравство Фатмир... Текстот Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза е превземен од А1он.

Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Од првиот ден се зафативме со тој проблем. Сите подготовки веќе се при крај и за тоа во наредните недели ќе излеземе со комплетен предлог, конкретен центар кај ќе се лекуваат, најсовремен досега и тој проблем веќе мислам дека пополека ќе го решиме. Вака денеска одговори министерот за здравство Фатмир Меџити, на прашање на МИА, дали и како ќе се реши тоа што лицата со цистична фиброза над 26 години сами си ги плаќаат лекарствата.

– За тоа кој како ќе прима терапија, сепак секогаш ќе одлучат стручните кадри, комисија, сите кои треба да примат, кои не треба, до која година, ќе одлучат професионалците, додаде Меџити.

Во Собрание минатата седмица не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза над 26 години. Како што биле информирани членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациентите биле ослободени од партиципација уште во 2019 година. Но, оние со кои зборуваше МИА, велат дека сѐ уште си ги плаќаат лекарствата од сопствениот џеб.

Асоцијацијата за цистична фиброза бара решение подолго време за овој проблем. Оттаму се надеваат дека и покрај гласањето против, и со документот од 2019 година дека лицата со цистична фиброза се ослободени од партиципација, конечно ќе се најде решение со што пациентите најпосле ќе се ослободат од овој финансиски товар.

Александар Стамболиски кој има 26 години, минатата седмица се осврна на трошоците околу терапијата за оваа болест, во просек месечно околу седум илјади денари за пациент со цистична фиброза. Ако има компликации, потребни се повеќе финансиски средства.

Моментално, 12 пациенти добиваат „трикафта“, лек со кој се олеснува болеста и лицата со оваа болест може да функционираат без проблеми. Асоцијацијата за цистична фиброза се бори лекот да го добијат сите пациенти во државата.

Текстот Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза е превземен од А1он.