Муцунски: Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и „Вардар“

По вчерашната објава на навивачката група „Комити“, градоначалникот Тимчо Муцунски, утрово со сопствени средства набави 30 сезонски билети кои ќе бидат наменети за младите од Аеродром – страсни навивачи на Вардар, кои од каква било причина не се во можност да набават ваков билет. Преку својата објава тој ги повикува... Текстот Муцунски: Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и „Вардар“ е превземен од А1он.

Муцунски: Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и „Вардар“

По вчерашната објава на навивачката група „Комити“, градоначалникот Тимчо Муцунски, утрово со сопствени средства набави 30 сезонски билети кои ќе бидат наменети за младите од Аеродром – страсни навивачи на Вардар, кои од каква било причина не се во можност да набават ваков билет.

Преку својата објава тој ги повикува вистинските љубители и навивачи на клубот, во текот на денешниот да го контактираат кабинетот со цел да ги добијат билетите. Доделувањето ќе биде по принципот, прв дојден – прв услужен.

„Секогаш од срце и со задоволство давам поддршка на иницијативите и проектите што со поврзани со спортот, традицијата и Македонија. Воедно ги повикувам и останатите градоначалници во Скопје, како и сите јавни личности, да го следат овој пример и на ваков начин уште еднаш да ја потврдиме силната и недвосмислена поддршка која ја даваме за враќаме на „Вардар“ на фудбалските терени“, напиша градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна.

Аеродром беше првата општина која на иницијатива на градоначалникот даде институционална поддршка за “црвено црните”, а овој пат градоначалникот Муцунски повторно дава лична поддршка за најдобриот македонски фудбалски клуб.

„Со нетрпение ги очекувам фудбалскиот натпревари каде од трибините уште еднаш ќе ја потврдиме поддршката за „Вардар“ која во следниот период ќе инсистирам да продолжи да се реализира преку низа иницијативи и соработки“, заклучи Муцунски во својата објава.

Текстот Муцунски: Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и „Вардар“ е превземен од А1он.