Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелскиот напад на Џенин, а околу 100 се ранети

Бројот на Палестинците убиени во жестоките борби во Џенин, на Западниот Брег, се искачи на 10, а илјадници жители се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија палестинските власти, пренесе Ројтерс. Израел е блиску до крајот на операцијата и исполнувањето на целите во Џенин, најави советникот на израелскиот премиер Бенјамин... Текстот Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелскиот напад на Џенин, а околу 100 се ранети е превземен од А1он.

Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелскиот напад на Џенин, а околу 100 се ранети

Бројот на Палестинците убиени во жестоките борби во Џенин, на Западниот Брег, се искачи на 10, а илјадници жители се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија палестинските власти, пренесе Ројтерс.

Израел е блиску до крајот на операцијата и исполнувањето на целите во Џенин, најави советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Израелските сили во понеделникот започнаа голема воздушна и копнена офанзива врз Џенин на окупираниот Западен Брег, што е најголемата воена операција на палестинска територија во последните 20 години.

Операцијата, опишана како „сеопфатен антитерористички напор“, во која беа вклучени стотици израелски командоси поддржани од дронови, ја поттикна палестинската управа да ја прекине комуникацијата со Израел и ја зголеми загриженоста на САД и ОН за хуманитарната ситуација.

Текстот Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелскиот напад на Џенин, а околу 100 се ранети е превземен од А1он.