Најмалку девет лица загинаа во нападот на Крематорск, меѓу кои три деца

Во руски ракетен напад што ја погоди преполната пицерија во градот Крематорск во источна Украина, загинаа најмалку девет лица, меѓу кои три деца, соопштија денеска локалните власти и потврдија дека во тек е потрага по преживеани во урнатините на уништениот зграда. Две 14-годишни сестри и 17-годишен тинејџер се меѓу жртвите... Текстот Најмалку девет лица загинаа во нападот на Крематорск, меѓу кои три деца е превземен од А1он.

Најмалку девет лица загинаа во нападот на Крематорск, меѓу кои три деца

Во руски ракетен напад што ја погоди преполната пицерија во градот Крематорск во источна Украина, загинаа најмалку девет лица, меѓу кои три деца, соопштија денеска локалните власти и потврдија дека во тек е потрага по преживеани во урнатините на уништениот зграда.

Две 14-годишни сестри и 17-годишен тинејџер се меѓу жртвите на рускиот ракетен оган, а 60 лица се ранети, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи, пренесува АП.

Официјални лица изјавија дека во нападот била употребена ракета од типот С-300, дека биле оштетени 18 катни згради, 65 куќи, пет училишта, две градинки, трговски центар, административна зграда и зграда за рекреација.

Текстот Најмалку девет лица загинаа во нападот на Крематорск, меѓу кои три деца е превземен од А1он.