Нови напади на Криви Рих

Руски крстаречки ракети погодија два индустриски комплекси во централниот град Кривји Рих во текот на ноќта, изјави Серхи Лисак, гувернер на регионот. Лисак рече дека ударите предизвикале значителна штета, вклучително и пукнати гасоводи. Во нападот е повреден 38-годишен маж кој е хоспитализиран. That night, #Russian invaders again attacked #KryvyiRih with... Текстот Нови напади на Криви Рих е превземен од А1он.

Нови напади на Криви Рих

Руски крстаречки ракети погодија два индустриски комплекси во централниот град Кривји Рих во текот на ноќта, изјави Серхи Лисак, гувернер на регионот. Лисак рече дека ударите предизвикале значителна штета, вклучително и пукнати гасоводи. Во нападот е повреден 38-годишен маж кој е хоспитализиран.

Воени претставници соопштија дека Русија лансирала четири крстосувачки ракети во текот на ноќта. Една од ракетите била уништена од противвоздушна одбрана, а останатите погодиле индустриски капацитети во областа Днепропетровск, каде што се наоѓа Криви Рих. Ова е втор пат Криви Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски, да биде цел на руски воздушни напади оваа недела.

Во вторникот наутро, најмалку 12 лица загинаа, а повеќе беа ранети откако проектил погоди станбен блок и складиште за храна во градот.

Текстот Нови напади на Криви Рих е превземен од А1он.