Од Крива Паланка кон Деве Баир поради одрон сообраќајот затворен за камиони, автомобилите се движат наизменично

На регионалниот А2 Крива Паланка- ГП„Деве Баир“, изутрина од 06.30 часот, поради одрони на патот на еден километар од излезот на Крива Паланка, сообраќајот е во целосен прекин за товарни моторни возила, а наизменично се одвива за патнички возила, информира АМСМ. Поради обилните врнежи од дожд, сообраќајот на патниот правец... Текстот Од Крива Паланка кон Деве Баир поради одрон сообраќајот затворен за камиони, автомобилите се движат наизменично е превземен од А1он.

Од Крива Паланка кон Деве Баир поради одрон сообраќајот затворен за камиони, автомобилите се движат наизменично

На регионалниот А2 Крива Паланка- ГП„Деве Баир“, изутрина од 06.30 часот, поради одрони на патот на еден километар од излезот на Крива Паланка, сообраќајот е во целосен прекин за товарни моторни возила, а наизменично се одвива за патнички возила, информира АМСМ.

Поради обилните врнежи од дожд, сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Делчево (А3) се одвива наизменично, по една коловозна лента за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Од Крива Паланка кон Деве Баир поради одрон сообраќајот затворен за камиони, автомобилите се движат наизменично е превземен од А1он.