Општина Аеродром: Реализација на нови капитални инвестиции, продолжува реконструкцијата на улиците во Лисиче

Советот на Општина Аеродром неодамна донесе одлука со која од буџетот на општината беа обезбедени средства за реализација на неколку капитални проекти во Општина Аеродром. Жителите на Лисиче кои живеат на потегот од „Тодор Чангов“ до „Ѓорѓи Капчев“ добиваат уште една обновена улица и со тоа продолжува најавениот инвестицискиот циклус... Текстот Општина Аеродром: Реализација на нови капитални инвестиции, продолжува реконструкцијата на улиците во Лисиче е превземен од А1он.

Општина Аеродром: Реализација на нови капитални инвестиции, продолжува реконструкцијата на улиците во Лисиче

Советот на Општина Аеродром неодамна донесе одлука со која од буџетот на општината беа обезбедени средства за реализација на неколку капитални проекти во Општина Аеродром. Жителите на Лисиче кои живеат на потегот од „Тодор Чангов“ до „Ѓорѓи Капчев“ добиваат уште една обновена улица и со тоа продолжува најавениот инвестицискиот циклус за обнова и реконструкција на неколку сообраќајници во овој дел велат од Општина Аеродром.

– Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна потенцираше дека проектот е реализација на уште ветување дадено пред граѓаните, финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром и опфаќа целосна реконструкција, односно поставување нов асфалт на улиците „Тодор Чангов 52“и „Ѓорѓи Капчев 35“.

Со инвестициите во новата инфраструктура тука, но и на другите локации Општина Аеродром обезбедува непречено и безбедно одвивање на локалниот сообраќај, го поттикнува економскиот развој и создава услови за поквалитетен живот во Аеродром. „Благодарност до претседателот и членовите на советот на Аеродром што даваат поддршка на нашата решеност и визија да обезбедиме континуитет во реализацијата на инфраструктурните проекти. На тој начин и со заеднички сили успеваме ова лето да реализираме голем број проекти на неколку локации во општината“, пишува Муцунски во објавата.

Текстот Општина Аеродром: Реализација на нови капитални инвестиции, продолжува реконструкцијата на улиците во Лисиче е превземен од А1он.