Петрушевски: Дали ОТА или лично Ковачевски вршат притисок врз мобилнитр оператори да ја инсталираат незаконската опрема за масовно прислушкување?

Пред неколку дена на прес конференција во Собранието како член на Комисијата за надзор над спроведување на посебните истражни мерки излегов и укажав на една незаконска активност од страна на ОТА. Она кое што е генерален проблем во Република Македонија е што ЈО со денови молчи за ова известување и... Текстот Петрушевски: Дали ОТА или лично Ковачевски вршат притисок врз мобилнитр оператори да ја инсталираат незаконската опрема за масовно прислушкување? е превземен од А1он.

Петрушевски: Дали ОТА или лично Ковачевски вршат притисок врз мобилнитр оператори да ја инсталираат незаконската опрема за масовно прислушкување?

Пред неколку дена на прес конференција во Собранието како член на Комисијата за надзор над спроведување на посебните истражни мерки излегов и укажав на една незаконска активност од страна на ОТА. Она кое што е генерален проблем во Република Македонија е што ЈО со денови молчи за ова известување и не преземе никаква акција по тоа што како член на Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите ги изнесов, а тоа е дека ОТА извршила незаконска набавка на опрема за масовно прислушкување, истакна Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина ,,Криминал и корупција”.

Петрушевски во врска со ова потенцираше дека и МВР и Оливер Спасовски молчат за ова.

-Симптоматично е и што МВР на Спасовски молчи, ниту во делот дали покренала некаква истрага, ниту во делот кој што е во обврска согласно закон дало одобрение за една ваква набавка, особено земајќи го предвид токму Спасовски раководеше со реформите во безбедносниот систем, а со цел токму спречување на ваква злоупотреба на системот за следење на комуникациите, рече тој.

Пратеникот Петрушевски кажа дека тој како пратеник кој што има сертификат за класифицирани информации со највисок степен државна тајна, кој што е член на собраниска комисија за надзор над работењето на ОТА не може да ја видам таа спецификација затоа што било деловна тајна.

-За јавноста само да знае, има два типа на следење комуникациите. Едно е законско кое што е еднозначно и се однесува на еден таргет кој што под строго дефинирани критериуми може да биде следен во врска со тежок криминал, тероризам. Ова што ние се сомневаме дека се прави во согласност со она што го имаме како информација затоа што замислете техничката спецификација на ова опрема е деловна тајна, нешто слично со договорот за изградба на автопати и таа деловна тајна била над сите закони во Република Македонија, па замислете јас како пратеник кој што има сертификат за класифицирани информации со највисок степен државна тајна, кој што е член на собраниска комисија за надзор над работењето на ОТА не можам да ја видам таа спецификација затоа што било деловна тајна. Се отвара проблемот, нас никој не не убеди на таа Комисија дека таа опрема ќе овозможи законско следење, туку напротив ни пробуди сомневања дека токму таа таква опрема и начинот на кој што ни беше презентирана овозможува масовно прислушкување. Масовно прислушкување е кога државата ги собира сите можни комуникации и потоа истата за свои потреби ги филтрира, истакна Петрушевски.

Петрушевски на крајот упати прашање дали ОТА или Димитар Ковачевски лично вршат притисок врз мобилните оператори, за користење на опремата која ОТА ја има набавено, а со цел да им се овозможи масовно прислушкување на 2 милиони граѓани во Република Македонија?

-Власта е на пат да спроведе масовно кршење на правата на 2 милиони граѓани во Република Македонија. Единствена пречка за незаконското масовно прислушкување се мобилните оператори, кај кои што внатре во нивните системи треба да биде инсталирана опремата за прием на комуникациите. Јас би ја искористил оваа трибина да поставам прашање дали ОТА или Димитар Ковачевски лично врши притисок врз мобилните оператори, за користење на опремата која ОТА ја има набавено, а со цел да им се овозможи масовно прислушкување на 2 милиони граѓани во Република Македонија. Апелираме до мобилните оператори да не подлегнуваат на притисоците на власта, бидејќи сите членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, имаат утврдено дека ОТА купила опрема без почитување на законската регулатива, и за тоа го известивме и ЈО. Мобилните оператори треба да внимаваат, и доколку имаат било какви притисоци да ги пријават во ЈО. Апелирам власта да запре со самоволието, бидејќи со тоа ја загрозува нашата меѓународна репутација на Република Македонија, како и довербата која ја имаат нашите стратешки партнери во нас, додаде Петрушевски.

Текстот Петрушевски: Дали ОТА или лично Ковачевски вршат притисок врз мобилнитр оператори да ја инсталираат незаконската опрема за масовно прислушкување? е превземен од А1он.