Почнете од мене – Ахмети бара да се отвори истрага за се и за сите од ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека за никого не треба да има амнестија, а државните органи слободно може да вршат истаги. Да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега, побара партискиот лидер. Според Ахмети, Дрин не може да ја... Текстот Почнете од мене – Ахмети бара да се отвори истрага за се и за сите од ДУИ е превземен од А1он.

Почнете од мене – Ахмети бара да се отвори истрага за се и за сите од ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека за никого не треба да има амнестија, а државните органи слободно може да вршат истаги. Да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега, побара партискиот лидер.

Според Ахмети, Дрин не може да ја избегне истрагата. Тој уверува дека за ова нема да има амнестија или заштита од негова страна.

„Ќе нема амнестија или заштита од моја страна, органите нека истражат, се што ги интересира државните органи, слободно да вршат истраги и да се открие вистината“, изјави за ТВ21 претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Ахмети апелираше да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ, односно за сите функционери, почнувајќи токму од него. Ахмети рече и дека Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто

„Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина“, изјави Ахмети за ТВ21.

 

Текстот Почнете од мене – Ахмети бара да се отвори истрага за се и за сите од ДУИ е превземен од А1он.