Подољак: Во следните 48 часа ќе се знае судбината на Путин

Советникот на украинскиот претседател Михајо Подољак тврди дека наскоро ќе се знае судбината на рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на вооружениот бунт на Евгениј Пригожин, водачот на платеничката војска на Вагнер. „Во следните 48 часа ќе биде дефиниран новиот статус на Русија“, напиша Подољак на Твитер. „Или целосна граѓанска... Текстот Подољак: Во следните 48 часа ќе се знае судбината на Путин е превземен од А1он.

Подољак: Во следните 48 часа ќе се знае судбината на Путин

Советникот на украинскиот претседател Михајо Подољак тврди дека наскоро ќе се знае судбината на рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на вооружениот бунт на Евгениј Пригожин, водачот на платеничката војска на Вагнер.

„Во следните 48 часа ќе биде дефиниран новиот статус на Русија“, напиша Подољак на Твитер.

„Или целосна граѓанска војна или договорен трансфер на власта, или привремен одмор пред следната фаза од падот на режимот на Путин“, напиша Подољак, советник на претседателот Володимир Зеленски.

– Сите потенцијални играчи сега бираат на која страна ќе бидат. Молкот на руската елита засега е заглушувачки – напиша Подољак.

Зеленски, од друга страна, во саботата рече дека бунтот на платениците ја покажува „очигледната целосна слабост на Русија“.

„И колку подолго Русија ги чува своите платеници во нашата земја, толку повеќе хаос, болка и проблеми ќе си предизвика подоцна“, рече украинскиот лидер.

Текстот Подољак: Во следните 48 часа ќе се знае судбината на Путин е превземен од А1он.