Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата

На товарните камиони регистрирани во Русија или Белорусија ќе им биде забранет влезот во Полска, јавува полската новинска агенција ПАП. Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински вчера потпиша наредба за забрана за влез на камиони од Белорусија во Полска. Ограничувањето се однесува на камиони, трактори, приколки и полуприколки регистрирани... Текстот Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата е превземен од А1он.

Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата

На товарните камиони регистрирани во Русија или Белорусија ќе им биде забранет влезот во Полска, јавува полската новинска агенција ПАП.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински вчера потпиша наредба за забрана за влез на камиони од Белорусија во Полска.

Ограничувањето се однесува на камиони, трактори, приколки и полуприколки регистрирани во Белорусија или Русија и ќе стапи на сила на 1 јуни „до натамошно известување“, соопшти новинската агенција.

Текстот Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата е превземен од А1он.