Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово

Регионалниот ЦУК од Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи. „Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“,... Текстот Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово е превземен од А1он.

Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово

Регионалниот ЦУК од Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи.

„Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на улицата Никола Вапцаров каде што известува дека поради подигнување на нивото на реката има поплава на улицата, и на улицата „Србо Томовиќ”, бр.36. Таму имало поплавени подрумски простори, но случајот не можел да се реши веднаш и водата треба да се повлече“, велат од ЦУК.

Текстот Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово е превземен од А1он.