Поради недоследности во првата изјава: Повторно е сослушана дадилката на убиецот од Врачар

Повторно беше сослушана дадилката на момчето-убиецот Коста К., кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, кога уби девет деца и еден работник од обезбедувањето на оваа образовна институција. Таа втор пат е сослушана бидејќи имало недоследности во првата изјава која им ја дала на истражителите. Според неофицијални информации, дадилката... Текстот Поради недоследности во првата изјава: Повторно е сослушана дадилката на убиецот од Врачар е превземен од А1он.

Поради недоследности во првата изјава: Повторно е сослушана дадилката на убиецот од Врачар

Повторно беше сослушана дадилката на момчето-убиецот Коста К., кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, кога уби девет деца и еден работник од обезбедувањето на оваа образовна институција. Таа втор пат е сослушана бидејќи имало недоследности во првата изјава која им ја дала на истражителите.

Според неофицијални информации, дадилката која го чувала Коста од 11 месеци до крвавиот пир, таа немала информација дека момчето знаело да пука.

– Дадилката рече дека иако поминала 12 ипол години со него и мислела дека го познава најдобро од сите, а била во шок поради масакрот што го изврши момчето – објавија српските медиуми.

Како што понатаму наведува соговорникот од истрагата, таа нагласила дека нема сознанија дека момчето знаело да пука.

– Никогаш не го видела со оружје, ниту знаела дека оди на стрелиште и знае да употреби оружје – вели соговорникот.

Според сознанијата, жената изјавила дека Коста К. бил примерно момче, со убави манири.

– Таа го опиша Коста како вредно и паметно дете кое никогаш не правело проблеми. Бил одличен ученик и имал спортски воннаставни активности – изјавила дадилката.

Како што пренесуваат српските портали, дадилката негирала дека има сознанија дека таткото на Коста К. го научил момчето да пука.

Инаку, дадилката на Коста К. кон крајот на мај беше сослушана во полиција, каде што детално раскажа се што знае за неговото воспитување и навики. Таа се грижела за Коста од кога момчето имало само 11 месеци до пред неколку години и во тој период поминувала повеќе време со него отколку неговите родители.

На 3 мај во 8.40 часот, Коста К. во основното училиште „Владислав Рибникар“ го уби чуварот Драган Владовиќ, а потоа вперил оружје кон три девојчиња.

Кога им ги уби нив, тој во кабинетот по историја каде што неговиот оддел имаше часови пукаше во учителката и учениците. Уби пет деца, а шест ги рани. По 12 дена на повредите им подлегна уште една ученичка, кога вкупниот број на жртви на Коста К. се искачи на 10.

Инаку, истражителите освен дадилката почнале да ги испрашуваат и децата кои биле очевидци на немилиот настан. Според неофицијални информации, децата почнале полека да се „отворуваат“ и да зборуваат за злосторството.

Текстот Поради недоследности во првата изјава: Повторно е сослушана дадилката на убиецот од Врачар е превземен од А1он.