Прифатени најголемиот дел од забелешките на граѓаните: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП за дел од населбата Лисиче

Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета. „По завршување на... Текстот Прифатени најголемиот дел од забелешките на граѓаните: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП за дел од населбата Лисиче е превземен од А1он.

Прифатени најголемиот дел од забелешките на граѓаните: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП за дел од населбата Лисиче

Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета.

„По завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план, кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите.

Интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки во Општина Аеродром, вклучително и оние од областа на урбанизмот. Одлуките кои ги носи Општина Аеродром имаат единствена цел, решавање на клучните проблеми и подигнување на квалитетот на живеење во општината. Финалната верзија на Деталниот урбанистички план за овој дел од општината ќе биде направен, во согласност со потребите и барањата на граѓаните“, велат од оваа скопска локална самоуправа.

Текстот Прифатени најголемиот дел од забелешките на граѓаните: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП за дел од населбата Лисиче е превземен од А1он.