Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Вчера вечер околу 23.45 часот на булевар „АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода 31-годишниот Е.К. и 24-годишниот Н.К., двајцата од Скопје, извести МВР. – Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со... Текстот Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот е превземен од А1он.

Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Вчера вечер околу 23.45 часот на булевар „АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода 31-годишниот Е.К. и 24-годишниот Н.К., двајцата од Скопје, извести МВР.

– Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Исто така, по преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и до 09.06.2023 користеле отсуство.

Текстот Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот е превземен од А1он.