Пукал во луѓе со калашников во населба во Сисак, запалил три куќи – еден загинат, неколкумина повредени, сторителот во бегство

Вечерва во населбата Канак во Сисак, машко лице пукало од калашников, и притоа ранило неколку лица. Населбата веднаш била блокирана. Околу 20 часот и 10 минути во населбата Канак во Сисак дошло до пукање од огнено оружје при што неколку лица се повредени, а едно лице е убиено, јавуваат хрватските... Текстот Пукал во луѓе со калашников во населба во Сисак, запалил три куќи – еден загинат, неколкумина повредени, сторителот во бегство е превземен од А1он.

Пукал во луѓе со калашников во населба во Сисак, запалил три куќи – еден загинат, неколкумина повредени, сторителот во бегство

Вечерва во населбата Канак во Сисак, машко лице пукало од калашников, и притоа ранило неколку лица. Населбата веднаш била блокирана.

Околу 20 часот и 10 минути во населбата Канак во Сисак дошло до пукање од огнено оружје при што неколку лица се повредени, а едно лице е убиено, јавуваат хрватските медиуми. Во овој момент полицијата трага по сторителот кој е во бегство.

Инаку, Канак е населба која настана како резултат на ненадејната индустријализација со никнувањето на бараки на просторот помеѓу Рафинеријата и Железарницата, и била заборавена и речиси иста 60 години по нејзиното создавање. Според информациите напаѓачот запалил и три објекти. Во тек е гаснењето на пожарот

Според засега неофицијални информации, пожарникари се на терен и во индустриската област во Сисак, бидејќи неколку станбени објекти биле зафатени од пламените јазици.

Според информации од полицијата, пренесени од Јутарњи лист, едно лице е убиено. Специјалците ја блокираа целата област и пристапот не е можен.

Текстот Пукал во луѓе со калашников во населба во Сисак, запалил три куќи – еден загинат, неколкумина повредени, сторителот во бегство е превземен од А1он.