Рамиз Мерко и неговото семејство се најдoa на американската Црна листа

Соединетите Американски Држави го именуваа градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, објави денеска американскиот Стејт департмент. На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије... Текстот Рамиз Мерко и неговото семејство се најдoa на американската Црна листа е превземен од А1он.

Рамиз Мерко и неговото семејство се најдoa на американската Црна листа

Соединетите Американски Држави го именуваа градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, објави денеска американскиот Стејт департмент.

На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије и Дренуше.

„Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија.

Денешната акција испраќа порака дека Соединетите Држави стојат со Северна Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, се вели во известувањето од Стејт департментот.

Освен Мерко, Стејт департмент ги стави на црна листа експремиерот Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков за нивното учество во значајна корупција.

Текстот Рамиз Мерко и неговото семејство се најдoa на американската Црна листа е превземен од А1он.