Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Организаторите на Ролан Гарос се огласија за пораката која Новак Ѓоковиќ ја напиша на камерата. „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“, напиша Ѓоковиќ со својот традиционален потпис на камерата по натпреварот во Париз. Тоа го покренаа прашањето за потенцијална казна за српскиот тенисер поради политичката порака. „Нема официјално... Текстот Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово е превземен од А1он.

Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Организаторите на Ролан Гарос се огласија за пораката која Новак Ѓоковиќ ја напиша на камерата.

„Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“, напиша Ѓоковиќ со својот традиционален потпис на камерата по натпреварот во Париз.

Тоа го покренаа прашањето за потенцијална казна за српскиот тенисер поради политичката порака.

„Нема официјално правило на Грен слем за тоа што играчите смеат или не смеат да кажат. Француската тениска федерација (ФФТ) нема да издаде никакво известување или да иницира ништо во врска со ова прашање“, соопшти ФФТ.

Ѓоковиќ истакна дека не му е грижа дали ќе биде казнет и дека повторно би го направил истото бидејќи чувствува одговорност како јавна личност за тоа што се случува на Косово.

Ѓоковиќ кој се пласира во второто коло на Ролан Гарос, во среда ќе игра со Унгарецот Мартон Фучовиќ.

Текстот Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово е превземен од А1он.