Русија: Нападите со дрнови на Москава ќе беа невозможни без помош од САД и од НАТО

Нападите со беспилотни летала врз Москва и Московската област би биле невозможни доколку на Киев не му помогнат САД и НАТО, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. „Утрото на 4 јули, украинските неонацисти повторно се обидоа да извршат терористички напади во Москва и во московскиот регион користејќи пет беспилотни... Текстот Русија: Нападите со дрнови на Москава ќе беа невозможни без помош од САД и од НАТО е превземен од А1он.

Русија: Нападите со дрнови на Москава ќе беа невозможни без помош од САД и од НАТО

Нападите со беспилотни летала врз Москва и Московската област би биле невозможни доколку на Киев не му помогнат САД и НАТО, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„Утрото на 4 јули, украинските неонацисти повторно се обидоа да извршат терористички напади во Москва и во московскиот регион користејќи пет беспилотни летала. Според достапните информации, овој пат нивна цел биле објекти од цивилна инфраструктура, вклучително и голем меѓународен аеродром“, потсетува руската страна.

Како што се додава, тие планови биле спречени благодарение на прецизната работа на руските системи за воздушна одбрана и електронско војување.

„Таквите напади би биле невозможни без помошта на САД и нивните сојузници во НАТО на режимот во Киев, кои продолжуваат да го бомбардираат со оружје, вклучително и беспилотни летала, тренираат оператори со беспилотни летала и обезбедуваат разузнавачки информации неопходни за извршување на таквите злосторства, вклучително и слики од Земјината површина добиена од цивилни и воени сателити.

„Сето ова го прави Вашингтон и неговите сателити соучесници во подготовката и извршувањето на терористичките напади планирани и извршени од Киев со помош на западни пари и западно оружје“, соопшти руското Министерство.

Потсетуваме дека во нападот со беспилотни летала утринава врз Москва и Московската област беа соборени четири беспилотни летала, еден изгубил контрола и паднал. Во нападот нема жртви и не е причинета материјална штета.

Текстот Русија: Нападите со дрнови на Москава ќе беа невозможни без помош од САД и од НАТО е превземен од А1он.