Русија повторно извезува нафта во Северна Кореја

Русија продолжи да извезува нафта во Северна Кореја во декември за прв пат од 2020 година, според податоците на Обединетите нации. Северна Кореја се обидува да ги подобри односите со Русија и ја поддржа откако минатата година ја нападна Украина, обвинувајќи ја војната на „хегемонистичката политика“ на САД и Западот.... Текстот Русија повторно извезува нафта во Северна Кореја е превземен од А1он.

Русија повторно извезува нафта во Северна Кореја

Русија продолжи да извезува нафта во Северна Кореја во декември за прв пат од 2020 година, според податоците на Обединетите нации. Северна Кореја се обидува да ги подобри односите со Русија и ја поддржа откако минатата година ја нападна Украина, обвинувајќи ја војната на „хегемонистичката политика“ на САД и Западот.

До април оваа година Русија извезла 67.300 барели рафинирана нафта во Северна Кореја. Ова се првите пратки откако Москва објави дека и продаде 255 барели рафинирана нафта на Северна Кореја во август 2020 година.

Според санкциите на ОН против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и ракетна програма, земјите мора да известуваат за месечната продажба на рафинирана нафта до Комитетот за санкции на Северна Кореја на Советот за безбедност.

Текстот Русија повторно извезува нафта во Северна Кореја е превземен од А1он.