Руската армија истражува кој на „Вагнер“ му го дал „панцирот“ со кој беше соборен авион полн со офицери

Руските воздухопловни сили започнаа независна истрага за да се утврди кој и како им наредил на членовите на „Вагнер групата“ да отворат оган и да соборат шест хеликоптери и исклучително вреден команден авион. Уште поважно прашање е кој и како на платениците им го доставил противвоздушниот систем „панцир“ со кој... Текстот Руската армија истражува кој на „Вагнер“ му го дал „панцирот“ со кој беше соборен авион полн со офицери е превземен од А1он.

Руската армија истражува кој на „Вагнер“ му го дал „панцирот“ со кој беше соборен авион полн со офицери

Руските воздухопловни сили започнаа независна истрага за да се утврди кој и како им наредил на членовите на „Вагнер групата“ да отворат оган и да соборат шест хеликоптери и исклучително вреден команден авион. Уште поважно прашање е кој и како на платениците им го доставил противвоздушниот систем „панцир“ со кој беше соборен Иљушин Ил-22, во кој официјално загинаа десет членови на екипажот и оператори на електронска опрема.

Сега се појавија информации дека бројот на жртви во тој авион бил поголем. Воениот аналитичар и политичар Виктор Алксинис, познат по прекарот „црн полковник“, тврди дека во авионот имало високи офицери, меѓу кои и генерали. Алксинис, поранешен полковник на советските воздухопловни сили, верува дека екипажот имал најмалку 15, можеби 20 членови. Руските државни медиуми добија наредба да го минимизираат бројот на жртвите.

Тоа не менува ништо со, може да се каже, гневот на високите воздушни офицери поради смртта на толку многу нивни колеги. Првично беше соопштено дека загинале 13 воздухопловци, но според последните податоци тој број се движи меѓу 34 и 39. Може да се слушнат коментари дека руското воено воздухопловство е завиено во црно, што дури ни Украинците не би можеле да го направат тоа.

Останува клучното прашање – кој наредил да се отвори оган врз авионите на руските воздухопловни сили? Исто така, кој и кога му го дал на „Вагнер“ противвоздушниот систем панцир, чии проектили имаат дострел од 18 километри. Очигледно не се работи само за едно оружје, туку за неколку од нив, кои биле распоредени покрај патот по кој конвојот на „Вагнер груп“ се движел во правец на Москва.

Што се однесува до споменатиот „Иљушин“ кој беше соборен, станува збор за летало кое служи како командно место, кое собира и насочува информации и планови на единици на земја и во воздух. Поради својата важност, тој авион не смее да лета во непосредна близина на фронтот. Руските воздухопловни сили го користеа и во Сирија, каде беше изгубен еден авион од овој тип. Поконкретно, во септември 2018 година, сириските воздушни одбранбени сили истрелаа проектили врз израелски авиони Ф-16 кои бомбардираа територија контролирана од владата во Дамаск. Еден проектил погодил руски Ил-22 со 15 членови на екипажот, кој се враќал од патрола над источниот Медитеран. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу тогаш го обвини Израел дека е виновник за тој настан. Тој рече дека израелските бомбардери се кријат во радарската сенка на рускиот авион. Израел ја отфрли одговорноста, објаснувајќи дека неговите авиони дотогаш веќе го напуштиле сирискиот воздушен простор.

Текстот Руската армија истражува кој на „Вагнер“ му го дал „панцирот“ со кој беше соборен авион полн со офицери е превземен од А1он.