Руски гувернер тврди: Седуммина повредени во украинско гранатирање

Седум цивили, меѓу кои и едно дете, се повредени во текот на ноќта во украинското гранатирање на градот Валујки во руската област Белгород на границата со Украина, изјави денеска гувернерот на провинцијата. Оштетени се пет згради и четири куќи, а една зграда се запали, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков на комуникациската... Текстот Руски гувернер тврди: Седуммина повредени во украинско гранатирање е превземен од А1он.

Руски гувернер тврди: Седуммина повредени во украинско гранатирање

Седум цивили, меѓу кои и едно дете, се повредени во текот на ноќта во украинското гранатирање на градот Валујки во руската област Белгород на границата со Украина, изјави денеска гувернерот на провинцијата.

Оштетени се пет згради и четири куќи, а една зграда се запали, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков на комуникациската платформа Телеграм.

Роман Старовојт, гувернер на Курската област, која е северно од Белгород и исто така се граничи со Украина, одделно рече дека украинските сили гранатирале две села таму. Според првичните информации, нема жртви. Ројтерс не може независно да ги потврди извештаите.

Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на териториите под контрола на Русија во Украина. Двете страни негираат дека целеле цивили во речиси 16-месечната војна што Русија ја започна против соседната земја.

Експлозии и напади на пограничните провинции на Русија се случуваат речиси секојдневно во последните месеци, при што руските власти ги обвинуваат или украинските сили или проруските диверзанти.

Текстот Руски гувернер тврди: Седуммина повредени во украинско гранатирање е превземен од А1он.