Руски медиуми: Ова е кампот на „Вагнер“ во Белорусија

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои наводно е прикажан воен камп во Белорусија каде што треба да бидат сместени платеници од групата Вагнер на Евгениј Пригожин, објави независниот руски медиум Сирена. Сирена пишува дека камповите се градат во областа Асиповичи, во централниот дел на Белорусија и во југозападниот... Текстот Руски медиуми: Ова е кампот на „Вагнер“ во Белорусија е превземен од А1он.

Руски медиуми: Ова е кампот на „Вагнер“ во Белорусија

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои наводно е прикажан воен камп во Белорусија каде што треба да бидат сместени платеници од групата Вагнер на Евгениј Пригожин, објави независниот руски медиум Сирена.

Сирена пишува дека камповите се градат во областа Асиповичи, во централниот дел на Белорусија и во југозападниот дел на регионот Махилив.

На фотографиите се прикажани шатори со дрвени кревети и подови.

Белоруската воена мониторинг група Белоруски Хајун објави дека изброила околу 298 шатори на сателитските снимки од кампот и дека секој шатор може да собере до 30 луѓе.

Текстот Руски медиуми: Ова е кампот на „Вагнер“ во Белорусија е превземен од А1он.