СДСМ: Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014

Ултра криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014 е потврден со уште еден случај кој го покренаа надлежните обвинителски органи за најголемата пералница на пари врз грбот на народот велат од СДСМ. – Случајот Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014. 15 осомничени, меѓу кои и највисоки... Текстот СДСМ: Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014 е превземен од А1он.

СДСМ: Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014

Ултра криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014 е потврден со уште еден случај кој го покренаа надлежните обвинителски органи за најголемата пералница на пари врз грбот на народот велат од СДСМ.

– Случајот Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014. 15 осомничени, меѓу кои и највисоки функционери на ДПМНЕ од тоа време, како и 7 фирми се дел од истрага под сомнение за злоупотреби, криминал, перење пари врз грбот на народот. Незаконски се обезбедени 57,6 милиони евра за 11 споменици и директно проневерени се 17 милиони евра. Ова е последен случај во низата судски предмети кои покажуваат дека ДПМНЕ е криминална партија. ДПМНЕ е единствената партија во Европа што има конфискуван имот за кој со судска пресуда е докажано дека е нелегално стекнат. И додека ДПМНЕ ги прозива независните судски институции јавноста се уште очекува епилог од предметот Делчевски ниви каде се вмешани блиски соработници на Мицкоски. Во пратеничките редови на ДПМНЕ се уште се и обвинетите лица Игор Јанушев и Антонио Милошоски, за чии предмети исто така се очекува епилог. Христијан Мицкоски е опкружен со криминални ликови и осудени лица а седи во криминално стекнат имот и води криминална партија, се вели во соопштението од партијата.

Текстот СДСМ: Феникс е само дел од криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014 е превземен од А1он.