Се огласи Мерко, ќе соработувал со правосудните органи

Од претседателот Вилсон до денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно остваривме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга вели во обраќањето градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој првпат се огласува во јанвоста по објавата на американскиот Стејт департмент дека е ставен... Текстот Се огласи Мерко, ќе соработувал со правосудните органи е превземен од А1он.

Се огласи Мерко, ќе соработувал со правосудните органи

Од претседателот Вилсон до денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно остваривме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга вели во обраќањето градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој првпат се огласува во јанвоста по објавата на американскиот Стејт департмент дека е ставен на црната листа поради корупција и мешање во судски процеси.

– Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга.
По неодамнешниот развој на настаните во врска со одлуката на Стејт департментот на САД, не сакав да комуницирам во корист на процесите, ќе бидам отворен како и секогаш во корист на правдата и секој процес во правосудните органи од страна на институцијата на општина Струга и на мојот дел ќе биде доставен навремено бидејќи секој пат сум бил транспарентен до судските органи и до сите други институции. За ова, за доброто на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на процесите важни за сите, се вели во објавата на Мерко.

тој уште и им се заблагодарува на жителите на Струга кои го поддржувале периодов.

Инаку, денеска четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и обвинителството во Битола.

Текстот Се огласи Мерко, ќе соработувал со правосудните органи е превземен од А1он.