Се јави Пригожин: Немав цел да го соборам Путин

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин се огласи за прв пат по завршувањето на бунтот. Пригожин попладнево објави 11-минутна аудио порака во која вели дека никој не се согласил да потпише договор со Министерството за одбрана и затоа неговата платеничка фирма требало да престане да постои на 1 јули. Тој рече... Текстот Се јави Пригожин: Немав цел да го соборам Путин е превземен од А1он.

Се јави Пригожин: Немав цел да го соборам Путин

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин се огласи за прв пат по завршувањето на бунтот.

Пригожин попладнево објави 11-минутна аудио порака во која вели дека никој не се согласил да потпише договор со Министерството за одбрана и затоа неговата платеничка фирма требало да престане да постои на 1 јули.

Тој рече дека целта на неговиот марш кон Москва била да го спречи уништувањето на групата Вагнер.

Во видеото, Пригожин вели дека неговите луѓе отишле во Москва за да бараат од оние лидери кои ги обвини за „грешките“ во војната во Украина за да одговараат.

Тој негираше дека неговиот „марш за правда“ имал за цел да го собори рускиот претседател Владимир Путин.

Командантите на Вагнер мислеа дека доколку потпишат со Министерството за одбрана, ќе се претворат во топовско месо поради начинот на кој редовната армија настапуваше во акциите“, вели Пригожин. Тој додаде дека некои борци решиле да се приклучат на силите на Министерството за одбрана, но дека тоа е малцинство.

Ние бевме категорично против тоа. Но, направивме попис, планиравме да се појавиме во Ростов на 30 јуни и јавно да ја поставиме нашата опрема во близина на раководството на армијата. Сепак, и покрај тоа што не покажавме никаква агресија, ние беа гаѓани. Во воздушниот напад загинаа 30 борци и тоа не принуди веднаш да се движиме. Целта на нашата акција беше да го спречиме уништувањето на ПМЦ Вагнер и да ги изведеме пред лицето на правдата оние кои со своите непрофесионални постапки направија голем број грешки за време на специјалната воена операција. Имаше јавно барање за ова“, рече меѓу другото шефот на Вагнер.

Тој во својата аудио порака не ја објави својата локација.

Текстот Се јави Пригожин: Немав цел да го соборам Путин е превземен од А1он.